Стиви Вондер мора на трансплантација на бубрег

Американската музичка легенда Стиви Вондер изјави дека ќе оди на трансплантација на бубрег. Пејачот за операцијата откри во саботата за време на концертот во Лондон.

Операцијата ќе биде направена во септември, но претходно Стиви вели дека ќе направи уште неколку концерти. На концертот во саботата, музичарот доби голема поддршка од неговиот пријател Лионер Ричи.

„Јас сум добро, сè е во ред. Имам донор“, изјавил пејачот пред публиката на концертот кој се одржа во рамки на фестивалот British Summer Time u Hyde Park.

Откако заврши со песната Superstition, Стиви ѝ се обрати на публиката велејќи дека сака да ги спречи гласините кои се шират за неговото здравје.

„Сакам сите да знаете дека дојдов да ве поздравам и да ви се заблагодарам на вашата љубов. Ве сакам и Бог да ве благослави“, изјави Стиви.

Според националната здравствена служба, причината за трансплантација на бубрег најчесто е поради прекин на работата на органот или хронична бубрежна болест. Лицето може да донира бубрег за да спаси живот, затоа што на луѓето им е потребен само еден бубрег за да преживее.

Стиви Вондер музичарот кој е слеп од раѓање е познат по класиците како Supestition, You are the Sunshine of my Life и Living for the City.

 

 

 

Scroll to Top