Сторми Даниелс добила закани да не ја објавува аферата со Доналд Трамп

Во емисија што ја гледала речиси половина Америка Сторми Даниелс раскажала дека наводно уште во 2011 година на паркинг ѝ се доближил маж кој ѝ дал на знаење дека нема да дозволи да ја објави аферата со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Таа вечер еден тип ми се доближи на паркинг и ми рече ‘остави го Трамп на мир, заборави ја приказната’“, изјавила Даниелс во интервју што го гледало половина од населението во Америка.

Даниелс наводно неколку дена пред претседателските избори во ноември 2016 година потпишала договор со кој се обврзала да молчи за својот однос со Доналд Трамп.

За тоа, како што наведува, заработила 130 000 долари. Потоа во јануари 2018 година потпишала изјава со која негира каква било афера. Подоцна се утврдило дека ваквата изјава била лажна.

Данилес навела дека Трамп спиел со неа само еднаш, во хотел за голф турнир во јули 2006 година.

 

Scroll to Top