Сторми Даниелс го мина полиграфот за аферата со Доналд Трамп

By

Сторми Даниелс го минала полиграфот на кој се согласила да оди поради сексуалната врска со претседателот на Америка, Доналд Трамп, во јули 2006 година.

Полиграфскиот испитувач Рон Слеј, кој ја тестирал Сторми во 2011 година, изјавил дека приказната на Даниелс дека имала незаштитен секс со Доналд Трамп во јули 2006 година е точна.

Тестот се фокусирал на три релевантни прашања за наводната средба со Трамп, па од Сторми е побарано да одговори со „да“ или „не“ на следните прашања:

  • Дали сте имале вагинален однос со Доналд Трамп во јули 2006 година?
  • Дали сте имале незаштитен секс со Доналд Трамп во јули 2006 година?
  • Дали Трамп Ви рекол дека ќе влезете во неговиот ријалити „Шегрт“?

Порноактерката одговорила со „да“ на сите три прашања. Слеј во извештајот навел дека трите прашања што се однесуваат на ветувањето на Трамп дека Сторми ќе се појави во неговото шоу биле нецелосни.

Нејзиниот адвокат, Мајкл Авенати, наводно за 25.000 долари ги купил правата на видеото направено за време на тестирањето на полиграф за да се осигура да не се уништи снимката, пренесува Си-ен-ен.

Сторми Даниелс наводно била подложна на полиграфски испит поради договорот со магазинот Life & Style, на кого му ја продала приказната. По објавата на интервјуто, Даниелс добила 15.000 долари.

„Нема сомнение дека таа ја говори вистината. Американците тоа можат да го заклучат в недела ако ги гледаат ‘60 минути’“, изјавил Авенати.

Тој во вторникот на „Твитер“ ја шерувал фотографијата на која Сторми одговарала на полиграфот со натпис „Хмммммм“ и хаштаг #basta #searchforthetruth #whosenext?

 

 

 

 

 

 

 

Ќе ви се допадне