Судот го одби барањето на Бил Козби да биде пуштен на слобода

Американскиот глумец Бил Козби нема да биде пуштен на условна слобода оваа година, откако одби да учествува во програмата за сексуални престапници што се организира во затворот во Феникс. Козби (83) е во затвор од 2018 година. Тој беше прогласен за виновен по три точки за тежок сексуален напад и беше осуден на 10 години затвор.

Глумецот отворено се спротивстави на програмите и одби да ја признае вината и покрај фактот дека тоа значи дека ќе мора да ја издржи целата казна.

Портпаролот на Козби, Ендру Вајат, ја нарече одлуката застрашувачка и рече дека Козби е невин.

Актерот, кој глумеше во серијата „Козби шоу“ од 1986 до 1992 година, се надева дека Врховниот суд ќе ја промени својата одлука.

Scroll to Top