Светските ѕвезди веруваат во сè и сешто, па нивните суеверија се честопати и смешни и чудни.
„Кога се качувам на авион, јас секогаш влегувам прво со десната нога. И барам да го допрам авионот малку однадвор. Ми носи среќа. Некој ми го кажа овој трик пред некое време и оттогаш го правам тоа постојано“, рекла Џенифер Анистон.
Актерката Рејчел Вајз секое утро внимава на чевлите.
„Ако не ги ставам вистинските чевли, сè е збркано и денот воопшто не е добар. Затоа утрото гледам што ќе направам. Од тоа зависи целиот мој ден“, вели таа.
Аксел Роуз никогаш не пее на концерти во градови чие име почнува на буквата М. Според него, тоа е проколната буква.
Актерката Меган Фокс секој пат кога лета со авион ја слуша Бритни Спирс.
„Не мислам дека мојата судбина е да умрам додека го слушам албумот на Бритни Спирс“, рекла Меган.