Сузан Сарандон за доделувањето на „Оскарите“ – Сè се сведува на лобирање и пари

Американската актерка Сусан Саранда, која на филмскиот фестивал во Торонто пристигна да го претстави својот најнов филм, ја критикувала културата на доделување на „Оскар“ за која вели дека денес, од кога било претходно се купува со повеќемесечно лобирање и пари.

„Бев пет пати номинирана и еднаш освоив „Оскар“, но во тоа време за вакво нешто не мораше да се троши пари“, изјавила актерката која статуетката ја освоила за улогата во сестрите Хелен во филмот Dead Man Walking од 1995.

„Такво нешто денес не би било возможно“, изјавила Саранда осудувајќи ја кампањата за лобирање која се води шест месеци пред свеченото доделување на златни статуетки, вклучувајќи свечени забави и проекции за вип гости и други влијателни луѓе.

Саранда во филмот Blackbird игра улога на мајка која е во терминална фаза на болеста и која сака еутаназија. Денес 72. годишната актерка вели дека шансите за да добие „Оскар“ за оваа улога се мали и дека не може да се натпреварува со поедини филмови кои се дело на денешниот Харви Вајнштајн.

Филмовите кои ги продуцирал поранешниот супермоќен филмски продуцент биле славни, се до скандалот кога на кампањата #Me Too повеќе од 80 жени, жртви на Вајнштајн, проговориле за бројните сексуални напади.

Пред спектакуларниот пад, Вајнштајн го сметале за мајстор за лобирање за „Оскарите“, поради неговото големо влијание и моќ во филмската индустрија.

TIFF во последните неколку години стана отскочна даска за оскарите, па тага наградите во Торонто, а потоа и „Оскарите“ за најдобар филм го освоија „Обликот на водата“ и „Зелената книга: водич за живот“.

 

 

Scroll to Top