Свадбениот фустанот на Меган Маркл е избран за највенчаница на деценијата

Венчаницата на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, е најпопуларниот свадбен фустан во последната деценија, покажа истражувањето на Find Me a Gift. Експертите за подароци го анализираа бројот на пребарување на интернет на невестинските фустани што ги носеле славните личности. Месечно, фустанот на Меган е пребаруван околи 21.900 пати.

Фустанот на Меган се држеше во тајност до венчавката со принцот Хари на 19 мај 2018 година. Тој е дизајн на Клер Вајт Келер од модната куќа „Живанши“, едноставна елегантна креација со долга „опашка“ и раскошен вел.

На второ место е невестинскиот фустан на Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, кој има просечни месечни пребарувања од 21.500 пати.

На оваа листа се најдоа и венчаниците на Хејли Бибер и Аријана Гранде.

 

 

Scroll to Top