„Сваровски“ ја одбра ќерката на Мадона да ја претставува нивната нова колекција

Компанијата за накит „Сваровски“ ја избра ќерката на Мадона, Лурдес Леон, да биде заштитно лице на нивната нова кампања „Сваровски колекција 2“. Таа, со неколку модели, се сликаше за насловната страница на списанието „Вог“.

Од „Сваровски“ соопштија дека ќерката на Мадона е совршено лице за нивната кампања оти ги претставува луѓето од сите култури и со различна ориентација.

„Модел, актерка, лингвист, граѓански активист – Лурдес го отелотворува духот на ’Сваровски‘,“ стои во соопштението.

Лурдес е ќерка на Мадона и Карлос Леон. Таа неодамна беше во Италија за да го прослави роденденот на својата мајка, заедно со своите браќа и сестри.

Scroll to Top