Светски познатиот музичар Тајга на 22 јуни догодина ќе има настап на стадионот на АРМ во Скопје. Музичарот кој е неколку пати номиниран за Греми, ќе биде ѕвезда на „Фјужн фестивал“. Концерртот во Скопје е дел од неговата светска турнеја.
Тајга во својата кариера соработувал со најголемите имиња на рап музиката, Крис Браун, Канје Вест, Лил Вејн, а освоил и голем број награди.
Влезниците за фестивалот се веќе во продажба, а одреден број билети се пуштени во продажба и во соседството: Србија, Бугарија, Грција, Косово и Албанија.