Светските медиуми им ги измерија лимузините на Трамп и Путин

Како што пренесуваат западните медиуми, лимузината на Путин е малку поголема од таа на Доналд Трамп.

Рускиот претседател, Владимир Путин, за првпат својата нова лимузина „кортеж“ ја користи надвор од земјата. Во Хелсинки пристигна со истата, каде се состана со американскиот колега Доналд Трамп.

Путин лимузината „кортеж“ ја промовираше на својата инаугурација во мај во Москва, но никогаш досега не побарал таа да биде пренесена во странство.

АП оценува дека употребата на лимузината би можела да претставува покажување на руската гордост, наспроти светски познатата лимузина на американскиот претседател, позната под името „ѕвер“.

 

 

Scroll to Top