Тајните на убавината на Анџелина Џоли

Многу девојки се обидуваат да го копираат стилот, фризурите и мејкап триковите на Анџелина Џоли. Таа во едно скорешно интервју откри неколку детали поврзани со своите ритуали за убавина, за навиките и за проблемите со кои се соочувала.

Што научила од мајка си за убавината

„Секогаш кога бев вознемирена, мојата мајка ќе кажеше: Отвори ја душата за мене. Секој има свој концепт за убавина, но верувам дека најубавата работа е интелектот. Човек со јасни мисли кој знае како треба да размислува е многу секси. Не постојат поатрактивни квалитети од промисленоста и чувствителноста. Ниедна козметика нема да скрие празна глава и грубо срце“.

За стареењето

„Сега, кога се гледам во огледало, сè повеќе и повеќе ја гледам својата мајка, а оваа сличност ме радува. Знам да стареам и ги прифаќам овие промени. Тоа значи дека живеам и стареам. Секако, не ги сакам темните дамки по кожата и други недостатоци. Но се сакам себеси и своите години“.

За козметиката што ја користи

„Главен производ ми е коректорот. Се чувствувам многу поудобно кога ми е во чантата. Доколку се работи за вечерно излегување користам црвен кармин. Јас носам само една посебна нијанса на црвена боја. Имам и туш за очи во црна боја и маскара. Мојата козметичка торба е прилично здодевна“.

За проблемите со кожата

„Од мојата единаесетта година периодично имам темни дамки по кожата. По бременоста, овие дамки станаа поизразени. Затоа, од време на време користам ИПЛ третмани“.

Scroll to Top