Глумицата Мишел Вилијамс во тајност се омажила со режисерот Томас Кали, пишуваат американските медиуми. 39-годишната Мишел и Томас се видени со бурми на рацете, по што медиумите почнаа да пишуваат дека тие се венчале. Мишел е бремена со нивното прво дете и треба наскоро да се породи.
Ова е второ дете на американската глумица. Таа веќе ја има ќерката Матилда Леџер (14), која ја доби од врската со глумецот Хит Леџер, кој се самоуби во јануари 2008 година.