Тајно се ожени братот на Кејт Мидлтон

Братот на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, Џејмс (34), се ожени во саботата со неговата девојка Ализ Тевант. Тие се венчаа во селото Бормес лес Мимосас, на југот од Франција. Медиумите пишуваат дека имале интимна церемонија, на која биле и принцот Вилијам и Кејт.

Меѓу гостите биле и сестрата на Џејмс, Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз.

„Се оженив со љубовта на мојот живот, опкружен со моето семејство, пријатели и неколку кучиња во мало село на југот од Франција. Не можам да опишам колку сум среќен“, рече Џејмс.

Ализ е по потекло од Франција и работи како финансиски експерт.

Тие добија голем број честитки и убави желби од пријателите и фановите. „Се исплати што чекав. Ви посакувам сè најдобро“, им напиша една нивна пријателка.

Scroll to Top