Танчер ја обвини Кети Пери дека сексуално го малтретирала

Моделот Џош Клос, кој ја имаше главната улога во спотот за песната Teenage Dream на Кети Пери, ја обвини пејачката дека таа го малтретирала сексуално. Клос на „Инстаграм“ напишал дека тоа се случило на забава во Холивуд неколку недели откако бил промовиран спотот. Клос отишол на забавата со негов пријател, кој бил голем обожавател на Пери и сакал да ја запознае славната пејачка. Тогаш Кети, според неговите зборови, се обидела да му ги соблече шорцевите за да го покаже неговиот полов орган пред своите геј-пријатели.

„За тоа зборувам дури сега, и тоа затоа што моменталната состојба во општеството ги прикажува мажите како перверзници. Меѓутоа, и жените кои имаат моќ во своите раце се подеднакво гнасни“, напишал манекенот во објавата што подоцна ја избришал.

„Среќна годишнина од  злоупотребата врз мене. Тоа беше работа што најмногу ме збуни и понижи“, порачал Џош.

На прашањето зошто дури сега зборува за тоа, тој вели дека бил премногу истрауматизиран за да признае, но потоа решил да почека за да не биде обвинет од страна на јавноста дека сака да се прослави на сметка на пејачката.

Scroll to Top