Тарантино се ожени со 20 години помлада девојка

Познатиот режисер Квентин Тарантино (55) и израелската пејачка Даниел Пик (35) се венчаа во Лос Анџелес. Тие имаа мала, интимна церемонија за најблиските пријатели и семејството во Беверли Хилс. Младоженецот носеше класичен црн костум и бела кошула, а невестата избра класичен бел фустан. Ова е прв брак на режисерот.

Тарантино ја запозна својата сопруга во 2009 година на снимањето на филмот „Проклетници“, а врската ја започнаа седум години подоцна. Тие се свршија минатото лето.

Пред Даниел, Тарантино беше во долга врска со режисерката Софија Копола, ќерка на Френсис Форд Копола, и со глумицата Мира Сорвино.

Scroll to Top