Татко на тинејџерка со Даунов синдром и го оствари сонот, се запозна Тејлор Свиф

Дванаесетгодишната Грејс Дел Векио со Даунов синдром сакала да ја запознае Тејлор Свифт и да присуствува на нејзин концерт. Нејзиниот татко Мајкл направил се за да и помогне да го оствари сонот. Успеал да и купи билети за турнејата „Ерас“, а таа во живо ја запознала пејачката на стадионот Метлајф, пишува Њујорк пост.

„Ќе врескам, ќе скокнам и ќе танцувам. Многу сум возбудена што ќе ја гледам”, изјавила пресреќната тинејџерка за Пост пред петочниот концерт, каде пејачката и се доближи на Дел Векио за време на нејзиниот изведба на и и ја подари својата капа во знак на благодарност за лојалноста како нејзин фан.

Нејзиниот татко едвај набавил билети по цена од 240 до 418 долари. Според извештаите, цената достигна 22.000 долари на страницата за препродажба StubHub. „Ќе плачам многу на концертот“, рекла Мајкл низ смеа.

Нејзиниот татко за Пост раскажал дека Тејлор Свиф во нивниот дом се слуша од утро до вечер.

Наставниците на Грејс изјавиле дека средбата на Грејс и Тејлор ќе ја искористат како лекција на училиште.

„Ќе зборуваме за Тејлор Свифт, ќе резимираме која е таа и ќе објасниме зошто е важна“, рекол Џен Спарано, која тесно соработува со Грејс како логопед во средното училиште „Милдред Е. Стренг“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Scroll to Top