Таткото на Меган ќе оди во Британија да ја запознае кралицата Елизабета

Таткото на Меган Маркл, Томас, во неговото најново интервју за GBN, рече дека наскоро планира да замине за Англија и да ја посети кралицата Елизабета. Тој го спомена и сопругот на неговата ќерка принцот Хари кого го нарече идиот.

„Едвај чекам да ја запознаам кралицата Елизабета и да ѝ покажам колку ја почитувам. Би сакал да го запознаам и принцот Чарлс ѝ да му се заблагодарам што ја испрати ќерка ми до олтарот. Сакам да поразговарам со него затоа што мислам дека имаме многу заеднички работи“, рече Томас.

Тој рече дека сака да се смири со Меган и да ги запознае внуците, Арчи и Лилибет. За Хари рече дека е идиот и не го смета за машко.

„Хари е идиот и тој брак ќе се распадне. Се однесува како дете. Се врти околу ќерка ми како мало дете, никогаш нема да порасне“, рече Томас и додаде дека Меган згрешила што не ги земала нејзините деца за време на посетата на кралицата.

„Таа има право да си ги види правнуците. Тоа е големо непочитување кон кралицата“, рече Томас.

Scroll to Top