Тејлор Свифт доаѓа на натпреварите на Тревис, го бодри со родителите, ги носи своите познати пријатели. Сега фотографите ги фатија како излегуваат заедно на вечера и се држат за рака.
Иако официјално не објавија дека се во врска, моментално една од најпопуларните пејачки во светот Тејлор Свифт (33) и Тревис Келче, американски фудбалер, често се заедно.
Но, новите фотографии покажуваат дека парот всушност е прилично близок. Фотографите ги фатија како се држат за рака, што е прв пат да го направат тоа откако се шпекулира дека се заедно.
Тејлор и Тревис излегоа на заедничка вечера во Њујорк, само неколку часа пред нивното изненадувачко појавување на „Saturday Night Live“.
Извор изјави за Месинџер Сандеј дека Келче чувствува дека Тејлор е клучот за неговата среќа.
– Се пошегува дека таа му е амајлија – рекол.
Неодамна Тејлор се појави на неговите натпревари во публика, во друштво на нејзините родителите, а како фанови ги носи своите познати пријатели – Хју Џекмен, Софи Тарнер, Блејк Лајвли, Рајан Рејнолдс.