Тејлор Свифт ги надмина Лајонел Ричи и Пол Макартни по бројот на номинации за Греми наградите

Пејачката Тејлор Свифт го собори рекордот по број на номинации за Греми наградите.

Имено, таа се најде на кратката листа на номинирани за најдобра песна, за „Антихерој“, а номинирана е седум пати, пишува „Би-Би-Си“.

Со тоа, младата кантавторка ги надмина Пол Макартни и Лајонел Ричи, кои досега го делеа рекордот по број на номинации со по шест за една песна.

Покрај категоријата за најдобра песна, Тејлор е номинирана и за албум на годината и видео на годината, заедно со Мајли Сајрус, Оливија Родриго и СЗА. За најдобра песна беа номинирани и Дуа Липа и Лана Дел Реј.

Наградите ќе бидат доделени на 4 февруари 2024 година во Лос Анџелес. Како што пишува „Би-би-си“, годинава беше особено тешко да се влезе на листата на номинирани, бидејќи организаторите го намалија бројот на номинации од 10 на осум.

Текстот Тејлор Свифт ги надмина Лајонел Ричи и Пол Макартни по бројот на номинации за Греми наградите е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top