Тејлор Свифт ќе биде казнета со 3000 долари затоа што го оставала и фрлала ѓубрето пред нејзиниот дом во Менхетен

Пејачката Тејлор Свифт би можела да биде казнета со три илјади долари затоа што оставила ѓубре пред нејзината куќа во Менхтетен. Таа веќе добила 32 казни во периодот од јануари 2018 до јануари 2023 година, пренесе „Њујорк пост“.

Тејлор живее во Френклин во Трибека, луксузна населба во Менхетен. Куќата ја купила во 2017 година за 18 милиони долари. Пејачката е одговорна за одржување на тротоарот пред нејзиниот имот. Таа затоа што не го чистела и не го фрлала прописно ѓубрето ќе биде казнета со 3000 долари, пренесе „Дејли Мејл“.

Тејлор била одговорна за фрлањето на купови весници, шишиња и картони, салфетки, обвивки, отпушоци и штеки. Наводно, нејзините адвокати ги оспориле некои од казните во износ од 200 долари по казна.

Еден од нејзините соседи кој живее во близина рече дека не ѝ било гајле за ѓубрето.

„Не ѝ беше грижа. Повеќе беше фокусирана на нејзините турнеи“, рече тој.

Многу од фановите застанаа зад пејачката објаснувајќи дека ѓубрето не било нејзино туку на нејзините обожавателите и папараци кои го оставаат кога сакаат да ја видат кога излегува од дома.

„Веројатно обожавателите ја чекаат и пушат додека им е досадно“, изјавила Кристин О’Конор за „Пост“ и додаде дека Тејлор не пуши.

Човекот кај кого пејачката претходно била ќирација ја пофали ѝ рече дека Тејлор била совршен станар.

Scroll to Top