Најновата објава на Тејлор Свифт на „Тик-ток“ има 12 милиони прегледи и 3 милиони допаѓања.
Пејачката покажа видео со момчето Тревис Келче и нејзините родители на забавата на Супер Боул.
„Тие рекоа дека тоа е забава за пријателите и семејството. Донесете ги вашите родители, рекоа тие“, напиша таа покрај видеото на кое седи со родителите во преполн ноќен клуб додека нејзиното момче се забавува и ја слави победата во Супер Боул.
„Случајното одење во ноќен клуб со родителите е нешто што секој треба да го проба барем еднаш во животот“, се пошегува таа во описот.
Медиумите потсетуваат дека тимот во кој настапува нејзиното момче, го освоија Суперболот, а пејачката откако навиваше од трибините, отиде да прослави со играчите во ноќен клуб.