Телохранителот на Бред и Џоли, иако заработувал 11.500 евра месечно, си дал отказ зашто не можел да ги издржи

Поранешниот телохранител на Анџелина Џоли и Бред Пит, Марк Билингам откри зошто си дал отказ по 17 месеци работа кај Анџелина Џоли и Бред Пит. Иако платата му била добра, рече дека повеќе не можел да издржи да биде со нив и нивните деца.

„Кога ја напуштив војската во 2007 година завршив како телохранител на славните ѕвезди, Анџелина Џоли, Бред Пит, Расел Кроу и Мајкл Кејн. Заработував многу добро. Трипати повеќе отколку што заработував во војска. Мислам дека беа повеќе од 10.000 фунти, околу 11.500 евра месечно“, рече Билингам за „Дејли Мејл“.

Рече дека тој период ќе го памети како добар, но дека работното време не му дозволувало да минува доволно време со семејството.

„Зад затворени врати славните лица се само нормални луѓе. Се смејат и се шегуваат. Секогаш беа полни со почит кон мене. Ако некогаш ќе им речев дека постои безбедносна причина зшто нешто не можам да го направа, тие тоа никогаш не го доведоа во прашање. Ми веруваа 100%“, рече Билингам.

Сепак на крајот рече дека го одбрал семејството.

„Станав како татковска фигура за нивните деца. Немав приватен живот. Бев исцрпен. Мојот семеен живот не постоеше. Бев дома само шест недели за 17 месеци. Тоа беше само премногу”, призна Билингам.
“Немав приватен живот. Бев исцрпена. Мојот семеен живот не постоеше. Бев дома само шест недели за 17 месеци. Тоа беше само премногу”, призна Билингам.
Scroll to Top