Тенисерката Наоми Осака е новото заштитно лице на Викторија сикрет

Тениската ѕвезда и добитничка на Гренд слем Неоми Осака ќе биде дел од новата колекција на познатиот бренд Викторија сикрет, со цел да ги истакне приказните на жените од различни средини ширум светот, пренесуваат странските медиуми.

Таа изјавила дека деталите од новата колекција ја инспирирале да им се придружи на тие прекрасни жени.

„Кога бев мала ги посетував нивните продавници и често се прашував зошто не изгледам како жените од насловните страници. Сега заедно ќе ги инспирираме следните генерации од сите страни, култури и големини. Тоа за мене е огромен чекор”, вели Осака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 大坂なおみ (@naomiosaka)

Главната дизјајнерка на Викторија сикрет, Шафер, вели дека тенисерката е полна со позитивна енергија и инспирира  жени ширум светот со својата храброст, одлучност и искреност.

„Почестени сме што Наоми ќе биде дел од тимот чија цел е поттик за позитивни промени”, вели таа.

Осака ќе им се придружи на моделите Паломи Елесер, Валентина Сампајо и Хејли Бибер, како и атлетичарките Меган Рапино, Ајлин Гу и многу други.

Претходно во јануари оваа година, таа стана заштитно лице и на познатиот моден бренд „Луј Витон“.

Scroll to Top