Тоа што се силувани, не ги убило-Брбара Стрејсенд за децата и сексот со Мајкл Џексон

Барбара Стрејсенд  направи вистински хаос во јавноста со изјавата за Вејд Робсон и Џејмс Сејфчек кои во документарниот филм “Leaving Neverland” го обвинија Мајкл Џексон за сексуално злоставување.

76-годишната пејачка и актерка во интервју за “The Times of London” изјавила дека тие двајца биле воодушевени што се таму и дека, што и да им се случило, не ги убило.

“Може да се каже дека се ‘злоставувани’, но тие деца, како што слушнавте, биле воодушевени што се таму. И двајцата се оженети и имаат деца така што тоа не ги убило”, изјавила Барбара.

Таа додала и дека “жали за нив двајца како и за Џексон , но дека сексуалните потреби на Мајкл биле негови сексуални потреби” и дека вината треба да се бара кај родителите на жртвите. Вели и дека верува во наводите на Робсон и Сејфчек.

“Неговите сексуални потреби биле негови сексуални потреби, генетски предизвикани или од детството кое тој го имал. Жал ми е за децата, жал ми е за него. Ги обвинувам родителите кои им дозволиле на децата да спијат кај него”, вели пејачката.

“Не ги убило, Барбара дали навистина го кажа тоа?!”, напишал режисерот на филмот Дан Рид на Твитер, а нејзините изјави покренале лавина од коментари на социјалните мрежи.

“Ми се гади од ова”, “За мене е готова. Засекогаш”, “Ќе ги запалам нејзините плочи по ова”, се само дел од коментарите.

Scroll to Top