Том Харди не бил доволно привлечен за улогата во „Гордост и предрасуди“ кој беше номиниран за Оскар

Иако Том Харди најчесто го гледаме во улогите на негативци и криминалци, на почетокот на неговата кариера актерот бил заинтересиран за многу различни улоги.

За време на интервјуто за британски „Телеграф“, открил дека сакал да го игра господинот Дарси во филмот „Гордост и предрасуди“ од 2005 година, но кастинг директорите мислеле дека тој не бил доволно привлечен за улогата.

Стејси Снајдер, поранешниот извршен директор во Universal Pictures, му кажал по аудицијата дека не е добар за Дарси.

„Драг Том, секоја жена има идеја за тоа како треба да изгледа Дарси, а тоа едноставно не си ти“, му рече Снајдер, а Харди рече дека тоа тешко го прифатил.

„Ме погоди навистина, навистина тешко. Носев сина кошула и фармерки и сина јакна и дадов се од себе обидувајќи се да го имитирам Хју Грант. А потоа морав да се вратам да играм улоги на деца со криви заби и искривени нозе“, рече Харди.

Улогата на Господин Дарси во филмската адаптација на најпознатиот роман на Џејн Остин му припадна на тогаш релативно непознатиот Метју Мекфадиен, додека улогата на Елизабет Бенет и припадна на Кира Најтли.

На 78-то доделување на Оскарите, филмот доби дури четири номинации за престижната награда, меѓу кои беше и онаа за најдобра главна актерка, која и припадна на 20-годишната Најтли. Губењето на оваа улога имала значително влијание врз кариерата на Харди бидејќи тој потоа одлучил дека повеќе нема да се фокусира на романтични филмови.

„Очигледно е дека не сум романтичен херој, па нема да се фокусирам на нешто што едноставно не можам да бидам. Сакам да глумам луѓе кои имаат голем опсег, кои имаат малку темнина и малку светлина во себе. “, изјавила ѕвездата на „Peaky Blinders“ за време на интервјуто за „LA Times“.

Scroll to Top