„Том Круз е насилна личност“, тврди Лија Ремини по инцидентот на снимањето на „Невозможна мисија 7“

Актерката Лија Ремини зборуваше за инцидентотшто се случи на сетот за време на снимањето на филмот „Невозможна мисија 7“ кога Том Круз им се закануваше на вработените со откази. Том им викал на вработените поради непочитување на мерките против Ковид-19.

Ремини, која е поранешна припадничка на Сциентолошката црква, тврди дека припадниците на таа религија, на која припаѓа и самиот Том Круз, не веруваат во коронавирусот и дека оттука викањето и однесувањето на актерот биле непристојни.

„Неговото викање не беше нормално. Никој да не може да му одговори, а да не добие отказ. И повторувам, Том и сциентолозите не веруваат во пандемијата. Неговата реакција го покажува неговиот вистински карактер. Тој е насилна личност. Сведочев за тоа, а дека слично се однесувал, ми потврдија и неговата поранешна девојка, вработените и пријателите. Тоа е вистинскиот Том“, вели Ремини.

За потсетување, минатата недела британски „Сан“ излезе со снимка во која Том Круз им вика на своите вработени дека ќе ги отпушти ако уште еднаш ги види дека не ги почитуваат мерките против коронавирусот.

 

Scroll to Top