Том Круз ги врати добиените „Златни глобуси“ во знак на протест

By

Холивудскиот актер Том Круз, ги врати трите освоени статуетки на „Златен Глобус“ кои ги освои за „Роден на 4 јули“, „Џери Мегваер“ и „Магнолија“. На тој начин глумецот им се придружи на филмските студија и стриминг платформите кои бараат промени во организацијата која ги доделува овие награди.

Тие го обвинуваат Холивудското здружение на странски новинари (ХЕПА) и бараат реформи. Тие обвинуваат за недостиг на различности и за други етички прашања. И телевизиската мрежа „Ен-Би-Си“, која ја пренесува оваа церемонија од 1996 година, објави дека нема да го пренесува следното доделување.

ХЕПА претходно најави дека ќе вклучи повеќе црни членови и ќе направи други промени во наредните 18 месеци. Членовите на ХЕПА исто така се обвинуваат за расистички и сексистички забелешки и за примање услуги од славни личности и филмски студија.

„Ако организацијата го спроведе својот план, за што треба многу време и работа, ние се надеваме дека ќе можеме да го пренесуваме шоуто во јануари 2023“, соопшти Ен-Би-Си.

ХЕПА се соочи со жестоки критики откако „Лос Анџелес тајмс“ во февруари објави дека таа немала ниеден црн член во последните 20 години.

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX animeflix ios: Watch Hunter x Hunter (Dub) Episode 48 (https://animeflix.nl/m/e5op/ep-48)

GoGoAnime gogoanime kissanime tv: JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) (https://gogoanime.be/m/r00y) Episode 39