Холивудскиот глумец Том Круз реши да го прекине снимањето на продолжението на филмот „Топ Ган“ за да научи да управува со борбен авион. Режисерот Џозеф Косински откри дека снимањето ќе продолжи за неколку месеци оти Круз не сака да користи каскадер, дури ни за најопасните сцени.
„Тој сака што подобро да ја одигра улогата на пилот. Одлучи да научи да пилотира, па откако ќе биде сигурен во себе, продолжуваме со снимање. Морнарицата денес е многу поинаква од онаа што беше во 1986 година. Во тој момент во минатото немаше никакви војни претходните 15 или 20 години. Сега, во годината во која сме, морнарицата е во војна веќе 20 години. Поинаков е светот сега, па мора да се адаптираме“, рекол Косински.
„Топ Ган: Маверик“ треба да почне да се прикажува во кино-салите на 12 јули 2019 година.