Том Круз одбива да ја види Сури

Филмската ѕвезда Том Круз со години одбива да ја види својата 11-годишна ќерка Сури. Кога кон крајот на август 2012 беше завршен бракот на Том и Кејти, тогаш 6-годишна Сури живееше со мајка си. На Том никогаш не му било забрането да ја гледа ќерка си, но тој одлучил дека нема време за единственото биолошки дете. Не се знае ни дали актерот дава пари за алиментација за Сури или не.

Со поранешната сопруга Никол Кидман, Круз има две посвоени деца, 25-годишната Изабела и 2 години помладиот син Конор.

Инаку, Кејти не е член на Сајентолошката црква, па многумина сметаат дека тоа воопшто не му се допаѓало на врховниот водач на оваа заедница и дека тоа е главната причина што Том Круз неколку години не одбива да ја види својата ќерка.

Scroll to Top