Том Круз би можел да ја напушти Сеинтолошката црква, само за да биде со неговата ќерка Сури, открива извор близок до глумецот. Тој објаснува дека на Круз му недостига ќерката и дека не може да поднесе како таа полека расте во негово отсуство.
„Том по многу долго време виде фотографија од Сури и забележа како таа пораснала во негово отуство. Тоа беше пресудно да почне да размислува да ја напушти сеинтологијата, за да биде со неговата ќерка. Мислам дека сега е идеален момент двајцата да се смират, додека сеуште не е предоцна. Сепак Сеинтолошката црква е запозната со најмрачните тајни на Том, па ако тој одлучи да ја напушти, тие сигурно ќе ја видат светлината на денот“, објаснил изворот за магазинот „Ин Тач“.
Сури денес има тринаесет години и има голем број обожаватели на социјалните мрежи. Фановите коментираат дека таа пораснала во вистинска убавица.
За тоа колку Сеинтолошката црква влијаела на животот на Том, говорат и некои нивни необични барања. Пример за тоа е неговата поранешна сопруга Кејт Холмс, од која било побарано и добила упатства, пет години да не збори ништо за нивниот брак или да има јавна врска.
Со години американските медиуми пишуваа како Кејт е голема противничка на оваа црква, затоа што таа претставува потенцијален извор на проблеми.
„Кејт смее да има врска, но не смее да излегува во јавноста и да дозволи да има контакти со Сури“, изјавил изворот близок до семејството. По разводот таа почна тајна врска со Џејми Фокс.