Том Круз се раздели од девојката само неколку дена откога ги запозна нејзините деца

Актерот, Том Круз, се раздели од девојката, Елсина Кајрова, само неколку дена откога ги запознал нејзините деца, објави британски „Дејли мејл“.

Ѕвездата од „Топ Ган“ (61) и Елсина (36) првпат беа забележани во декември за време на забавата во „Мејфеир“, каде што биле видени како се забавуваат.

Сега медиумите јавуваат дека тие се разделиле, само неколку дена откако тој ги запознал нејзините деца.

Во објавите се вели дека Том ја “разладил романсата”, но сакал да остане пријател бидејќи живеат во истиот станбен блок во Лондон.

“Да се прекинат работите со лоша нота би било незгодно ако налетаат еден на друг во лифтот“, изјавил еден од изворите на британските медиуми.

“Не постојат лоши чувства помеѓу нив и за Том, нивната врска едноставно го изгуби курсот“, вели изворот.
Елсина има син и ќерка од нејзиниот претходен брак со рускиот олигарх и трговец со дијаманти, Димитриј Цветков.

Елсина е ќерка на водечки руски политичар кој вреди околу 5 милијарди фунти и е близок сојузник на претседателот Путин.

Разделбата доаѓа по минатонеделните објави дека Том станува се поблизок со Елсина и редовно ги поминува ноќите во нејзиниот стан во Лондон.

Scroll to Top