Том Круз со години ѝ испраќал писма на ќерката Сури

Холивудскиот глумец Том Круз со години ѝ испраќал писма на ќерката Сури, пишува „Ентертејнмент тајмс“. 14-годишната Сури, која Круз ја има од бракот со глумицата Кејти Холмс, конечно ги добила и прочитала писмата од нејзиниот татко, тврди магазинот.

Наводно, Сури ги нашла писмата во домот на баба ѝ и дедо ѝ, каде што стоеле скриени, оти Холмс сакала да ѝ ги даде кога ќе биде постара.

„Тоа беше емотивен момент и за Кејти и за Сури. Кејти планираше да ѝ ги покаже писмата еден ден, но не сега. Таа не беше подготвена за голем број прашања“, рекол извор близок до глумицата.

Кога ги прочитала писмата, Сури посакала да се сретне со нејзиниот татко.

„Таа сака да знае повеќе за него. По разводот не се гледал премногу со неа“, додал тој.

Том Круз, кој е член на Скиентолошката црква, поради сопствените уверувања се дистанцираше од својата ќерка и поранешната сопруга. Тој се гледа со ќерката и синот што ги посвои додека беше во брак со Никол Кидман, Сара и Конор, но и тие двајца се членови на истата црква. Некои странски медиуми тврдат дека Сури сака да го помине летото со нејзиниот татко и да присуствува на скиентолошкиот камп, но тоа не е потврдено.

Scroll to Top