Глумецот Том Круз е заглавен во луксузното крило на седиштето на Сциентолошката црква во западен Сасекс, заедно со неговите три сестри и нивните партнери и деца, пренесува „Дејли Мејл“.
Откако хотелите беа затворени, поради пандемијата со коронавирусот, Том Круз бил принуден да остане во луксузното седиште на Сциентолошката црква во Вест Сасекс.
Том мораше да го одложи снимањето на седмото продолжение од франшизата „Невозможна мисија“. Друштво во Лондон му прави и неговиот пријател и водач на верската заедница Дејвид Масковит. Во луксузната вила на Сциентолошката црква, друштво им прави и Сам Доминго, снаата на познатиот оперски пејач Пласидо Доминго.
Таа е добра пријателка со Масковит. Глумецот, како што пренесува „Дејли Мејл“, со семејството го прослави и Божи и Нова година во Велика Британија, а во последните неколку месеци, тој често патува во Лондон, со својот приватен авион. Тој со своето семејство, ја разгледува опцијата и трајно да се пресели во Лондон.
Том Круз имал луксузна вила во Англија со шест спални соби, која ја продал во 2016 година за шест милиони долари на австралискиот пејач Питер Андре. Глумецот минатата година на премиерата на филмот Jack Reacher, изјави дека Велика Бритнаија е одлична земја за живот.
И неговиот внук е дел од Сциентолошката црква, а Круз со него и остатокот од сеејството ужива на имотот во Лондон, чија обнова го чинела 16 милиони долари. Со храна ги услужуваат угледни готвачи, а на располагање имаат и теретана. Том Круз веќе со години е посветен на Сциентолошката црква.
Голем број медиуми пишуваа дека поради оваа црква, му пропадна и последниот брак со глумицата Кејти Холмс, со кого ја има 14 годишната ќерка Сури. Медиумите пренесуваат дека додека престојува во Лондон со неговото семејство, тој не е премногу загрижен за Сури. Многумина пишуваа дека тие воопшто не се ни гледаат.
Том Круз зад себе има три пропаднати брака, а во сериозна врска не бил уште од 2012 година, кога се раздели од Кејт. За потсетување, тој претходно беше во брак со глумиците Мими Роџерс и Никол Кидман со која има две деца.
Том во 2001 година, ги предал документите за развод, затоа што така го советувале од црквата. Мими е таа која го вовела во светот на контроверзната Сциентолошката црква, поради која наводно ги остави и Никол и Кејти.
Том веќе со години е залуден по верата за која многумина тврдат дека не е ништо друго, освен чисто перење на мозокот и извлекување пари од славните следбеници.