Томас Маркл очајно сака да ја види ќерка му Меган

Томас Маркл, таткото на војвотката од Сасекс Меган Маркл, вели дека е очајно сака да се види со ќерка му. Тој деновиве јавно ја повика Меган да стапи во контакт со него. Томас призна дека по венчавката со принцот Хари, тој изгубил секаков контакт со неговата ќерка.

„Меган ги игнорираше сите мои обиди за комуникација“, изјавил Томас Маркл за британската телевизија ITV.

Томас во своето прво телевизиско интервју направено во Сан Диего, изјавил дека односот кон него кралската двојка го гради под големо влијание на медиумите. Томас смета дека Меган и Хари повеќе веруваат во тоа што ќе го напишат весниците, отколку на него.

„Разочаран сум од се. Не сум сигурен зошто ова се случува. Се обидов да ја добијам со недели. Се јавував секој ден. Испраќав пораки, но таа никогаш не ми враќаше“, изјавил тој.

Томас Маркл вели дека Меган нема навика да ги отфрла оние кои повеќе не ѝ се потребни. За својата ќерка вели дека таа секогаш била пристојна и љубезна кон сите.

Томас се надева дека британската кралица Елизабета Втора ќе му помогне за повторно се зближи со ќерка му, пренесува агенцијата.

 
Scroll to Top