Трамп го прекинал пријателството со Епштајн оти му ги украл луѓето за работа

Американскиот претседател Доналд Трамп даде објаснување зошто ја прекина врската со педофилот Џефри Епштајн.

„Не сум разговарал со Џефри Епштајн со години. Не сум разговарал со него затоа што направи нешто несоодветно. Тој вработи мои луѓе, а јас му реков: „Никогаш повеќе не го прави тоа“.

„Драго ми е што го направив тоа, ако сакате да ја знаете вистината“, додаде американскиот претседател, зборувајќи во еден од неговите комерцијални голф клубови.

Епштајн, осуден сексуален предатор, почина во 2019 година додека чекаше судење. Трамп се соочи со притисок да го објави целото досие за Епштајн, но досега не успеа да го стори тоа, предизвикувајќи критики од демократите и некои од неговите поддржувачи.

Повторно беше прашан за можноста за помилување на долгогодишната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел, која отслужува 20-годишна казна затвор за трговија со луѓе.

„Имам право да ја помилувам. Но, никој не ми го предложи тоа. Никој не ме праша за тоа. Беше во медиумите. Но, не е соодветно сега да зборувам за тоа“, рече Трамп.

Максвел разговараше со заменик-главниот обвинител Тод Бланш двапати минатата недела. Според извештаите, таа добила ограничен имунитет и испитувана е од најмлку 100 луѓе, но Министерството за правда не објави детали за тие разговори.

Scroll to Top