Трамп е номиниран за најлош актер за камео улогата во два документарци минатата година. Станува збор за документарните филмови Death of a Nation, чиј режисер е Динеш Д’Соуза и Фаренхајт 11/9 на Мајкл Мур.
Трамп веќе има добиено една „Златна малина“ од 1989 година за играње на самиот себе си во филмот Ghosts Can’t Do It“, со Бо Дерек.
Сопругата на Трамп Меланија и нејзина блиска соработничка Келиен Конвеј се номинирани за споредни актерки за архивските снимки користени во Fahrenheit 11/9.
US president Donald Trump is among the nominees at this year’s Golden Raspberry Awards, better known as #TheRazzies. https://t.co/KE1z3OldHN
— LifeNationalUAE (@LifeNationalUAE) January 21, 2019
„Готи“ филмот за покојниот њујоршки мафијашки кум Џон Готи, бил целосна утка и доживеал катастрофален неуспех во кино благајните. Бил номиниран за најлош филм, со најлошо сценарио и најлоша актерска двојка Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон.
За номинираните и добитниците, гласаат околу илјада членови на „Златна малина“, од 24 земји. Секој кој сака може со уплата од 40 долари да се зачлени преку интернет.
Добитниците, ако се појават на денот во пресрет на Оскарите, добиваат статуа во облик на малина со големина на топче за голф, сместена на ролна филм и офарбана со спреј во злато.