Тристан повторно ја изневерил Клои, љубовницата откри сè на „Јутјуб“

НБА ѕвездата Тристан Томпсон, повторно ја изнверил неговата партнерка, една од сестрите Кардашијан, Клои. Сè призна инстаграм моделот Сиднеј Чејс, која во подкаст на „Јутјуб“ откри дека се гледала и била интимна со НБА ѕвездата, на почетокот на оваа година.

Таа тврди дека Тристан и кажал дека повеќе не се гледал со Клои. Но, и покрај тоа, Чејс ја прекинала врската со кошаркарот, веднаш откако открила дека ја лаже и дека тој повторно е во врска со Клои.

Клои веќе еднаш му прости на Тристан за неверството во 2019 година, со Џордин Вудс. Таа се одлучи да му прости пред сè поради нивната ќерка тригодишната Тру и повторно да го врати во нивниот живот. Врската наводно ја обновиле уште во септември 2020 година.

 

Scroll to Top