„Црната вдовица“ не сака Лејди Гага да ја глуми во филм

Патриција Реџани (72), позната како „Црната вдовица“ и поранешна сопруга на Маврицио Гучи, италијанскиот моден магнет и прв човек на брендот „Гучи“, откри дека не сака да биде глумена од една од најголемите музички и филмски ѕвезди на денешницата, Лејди Гага (34).

„Ме изнервира тоа што не дојде ниту да ме запознае, а ме глуми во филм“, изјавила Реџани за Лејди Гага. Таа му беше десна рака на сопругот Гучи во осумдесетите години, сè додека не се разведоа поради неверство и финансиските проблеми.

Три години по смртта на Гучи, Реџани била осудена и поминала 16 години во затвор. Таа денес живее богат живот, а парите ги доби од бракоразводната парница. Денес е остра ктиризерка на новиот филм на Ридли Скот. Во тоа не е сама.

Како и неа, така и наследниците на Гучи го критикуваат новиот филм на Скот, сметајќи дека идентотот на семејството Гучи е украден за да се заработат брзи пари во Холивуд.

„Нашето семејство има идентитет и приватност. Можеме да разговараме за сè, но, некои граници треба да се почитуваат“, изјавила Патриција Гучи, роднина на Маврицио.

Незадоволна е и од Ал Пачино, за кого смета дека не е најдобар избор за да го глуми нејзиниот дедо Алдо.

„Мојот дедо беше висок и згоден со сини очи, а во филмот е прикажан како дебел, низок и грд.

Во филмот покрај Лејди Гага, ќе глуми и Адам Драјвер, кој ќе го толкува ликот на Маврицио Гучи, а покрај Ал Пачино, во филмот ќе играат и Џaрад Лето и Селма Хајек. Филмот за „Гучи“ се очекува премиерно да се прикаже на 24 ноември 2021 година во САД.

Scroll to Top