Цукерберг веќе не е меѓу десетте најбогати луѓе во светот, откако загуби 30 милијарди долари

Марк Цукерберг, главниот извршен директор на американската компанија „Мета“, повеќе не е на листата на 10-те најбогати луѓе во светот што ја објавува магазинот „Форбс“. Тој во загуби 29,7 милијарди долари (25,9 отсто), а моментално неговото богатство се проценува на 84,8 милијарди долари, пренесува ТАСС.

Тој падна на 12. место на листата на милијардери на Форбс, откако акциите на компанијата Мета забележаа рекорден еднодневен пад во четвртокот, по разочарувачката прогноза за приходите за третиот квартал. Тој поседува околу 12,8 отсто од оваа технолошка компанија, која порано го носеше името Фејсбук.

Неговиот еднодневен пад на богатството е меѓу најголемите досега, веднаш зад сопственикот на Teсла, Илон Маск, кој изгуби 35 милијарди долари за еден ден ланскиот ноември.

Scroll to Top