Твиги згрозена од сестрите Кардашијан: „Тие се пластични и непривлечни“

Најпопуларната манекенка од 1960-те години, Твиги, во интервју за британскитре медиуми изјави дека е згрозена од изгледот на сестрите Кардашијан. Легендарната манекенка рече дека тие се „пластични и лажни“. Таа е противник и на пластичните операции, и вели дека заради нив жените не личат на себе, туку изгледаат вештачки.

„Не ми се допаѓа како изгледаат ни Кардашијан ни Џенер. Згрозена сум, искрено. На нив сè е пластично и лажно. Многу девојки го следат нивниот пример, а тоа воопшто не е природно и привлечно. Треба да бидат многу поодговорни за тоа каква
слика им испраќаат на младите девојки“, рекла Твиги.

Таа во интервјуто признала дека во даден момент и самата посакала да направи корекција, но веднаш се откажала од идејата.

„Пластичните хирурзи станаа секојдневно нешто. Не ги сакам воопшто тие филери со кои ги полнат лицата и усните. Поради нив жените изгледаат како верверички“, додала 70-годишната манекенка.

Scroll to Top