Уапсен поранешниот сопруг на Бритни Спирс

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александер, е уапсен кога бил фатен како вози под дејство на алкохол и наркотици. Бил задржан во полициска станица во Нешвил, Тенеси.

Џејсон бил ослободен со кауција со 2.500 долари и сега ќе мора да се појави на суд за три месеци. За потсетување, Бритни и Џејсон се венчаа во 2004 година, а се разведоа по само три дена.

 

Scroll to Top