Уапсена жената која наводно му продала дрога на внукот на Роберт Де Ниро

Полицијата ја уапси жената која наводно му продала дрога на внукот на Роберт де Ниро, Ленадро од која починал. Дрена Де Ниро, ќерката на легендарниот глумец, рече дека син ѝ починал како последица од конзумирање на апчињата фентанил.

Полицијата сега уапси 20-годишната девојка во Њујорк под сомнение дека е директно поврзана со смртта на Леандро. Сè уште не се знае за што ќе биде обвинета.

За потсетување, Леандро почина на почетокот на јули, а беше пронајден во неговиот стан на Волстрит. Како што тврди Дрена, син ѝ починал од апчиња кои содржеле фентанил, опасна дрога слична на морфинот, пишува Page Six.

„Некој му продавал апчиња во кои имало фентанил. Знаеле што има внатре, но сепак му ги продале“, рече Дрена и им испрати порака на сите кои сè уште се плеткаат со продавање и купување на вакви работи, дека станува збор за опасна дрога поради која таа го изгубила синот засекогаш.

Scroll to Top