Уапсени насилниците кои и ги украдоа кучињата на Лејди Гага

Полицијата уапси пет лица, кои ги сомничи дека го нападнале шетачот на кучињата на пејачката Лејди Гага, а потоа и ги земале миленичињата.

Тројцата браќа, 18-годишниот Џејмс Џексон, 19-годишниот Џејлин Вајт и 27-годишниот Лафејет Валеј се обвинети за обид за убиство, грабеж во обид и грабеж од втор степен, а МекБрајд и петтиот обвинет 40-годишниот Харолд Вајт за соучесништво.

Сите петмина се изјаснија за невини во четвртокот, а следното рочиште е закажано за 11 мај. Немилиот настан се случил во февруари, а покрај нив за соучесништво се товари и жената која и ги вратила француските булдози на Лејди Гага, два дена пред инцидентот.

Станува збор за 50-годишната Џенифер МекБрајд, која претходно изјави дека кучињата ги нашла на улица и деа веднаш ја контактирала Лејди Гага, која во тоа време снимала филм во Рим изјавил јавниот обвинител од Лос Анџелес, Џорџ Гаскон.

МекБрајд сега се сомничи дека била во врска со петтоосомничениот, кој бил татко на еден од тројцата напаѓачи. Нивниот план бил таа да ја земе паричната награда од 500.000 долари, која Лејди Гага ја вети за секој оној кој ќе и ги најде кучињата.

Кучињата Коџи и Густав, беа киднапирани на 24 февруари. И покрај отпорот кој го давал Рајан Фишер, човекот кој ги шетал, киднаперите на крајот успеале да ги украдат. Тие го раниле Рајан, а кучињата ги ставиле во автомобил со кој избегале.

Киднаперите успеале да украдат само две од кучињата, додека третото успеало да им избега и да му се врати на Фишер.

„Бев многу близу до смртта“, изјавил Фишер во едно од своите интервјуа.

Полицијата во четвртокот истакна дека осомничените знаеле за високата цена на расата на кучињата, бидејќи француските булдози се релативно ретка и барана раса и може да се продадат за илјадници долари.

Scroll to Top