Усеин Болт ќе стане татко

Усеин Болт, најбрзиот човек на планетата, наскоро ќе стане татко. Неговата сопруга Каси Бенет е бремена со нивното прво дете.

„Само да ви кажам, на пат е еден крал или кралица“, напиша Болт покрај сликата што ја објави на социјалните мрежи. Болт, кој собори многу рекорди во атлетиката, додаде и дека се надева дека неговиот наследник ќе тргне по неговите стапки.

Инаку, медиумите открија дека тркачот од Јамајка неодамна беше неверен и објавија слики со жената со која ја изневерил сопругата, но и покрај тоа неговиот брак успеа да опстане.

Scroll to Top