Најбрзиот човек на светот, Усеин Болт, утре ќе започне да тренира со германскиот фудбалски клуб „Борусија Дортмунд“, потврдија од клубот.
„’Борусија Дортмунд’, бидете подготвени во петок“, порача Болт преку „Твитер“ и додаде дека не се шегувал кога зборуваше за своите фудбалски желби.
И управата на клубот потврди дека 31-годишниот Болт утре ќе тренира со тимот и дека тренингот ќе биде отворен за јавноста. Јамајканецот лани ја прекина својата тркачка кариера по Светското првенство во Лондон. Тој многупати рече дека сака да започне фудбалска кариера и не крие дека е голем фан на „Манчестер јунајтед“.