Усеин Болт стана татко на близнаци

Олимпискиот шампион и најбрз човек на планетата, Усеин Болт, вторпат стана татко во една година. Откако лани тој и неговата партнерка Каси Бенет добија ќерка, тие сега открија дека станале родители на близнаци, момчињата Тандер и Сент Лео Болт.

Атлетичарот од Јамајка ја објави веста на Инстаграм, со семејна фотографија на Денот на таткото.

Болт (34), кој има осум златни медали од Олимписките игри во 2008, 2012 и 2016 година, во 2017 година се повлече од трчањето. Во меѓувреме, се обиде и како фудбалер, но во 2019 година сепак реши да престане да спортува. Тој сè уште ги држи светските рекорди на 100 и 200 метри и е единствениот спортист кој освоил злато во двете дисциплини на три последователни Олимпијади.

Scroll to Top