Уште 11 жени го обвинуваат Пласидо Доминго за сексуално малтретирање, оперските куќи му откажуваат настапи

По обвинувањата некои оперски куќи ги откажаа настапите на Доминго, додека други ќе чекаат на резултатите од истрагата

Асошиетед прес објави дека уште единаесет жени го обвинуваат оперскиот пејач Пласидо Доминго за сексуално вознемирување.

За време на настап, минатиот месец, во Европа Доминго беше срдечно дочекан при првото појавување на сцена откако АП објави дека девет жени го обвинуваат за сексуално вознемирување пред три децении.

Портпаролката на Доминго го демантираше извештајот на АП .

Наводите дека Доминго вознемирувал повеќе жени вклучуваат непосакувано допирање, упорно барање на приватни средби, телефонски повици доцна во ноќта и ненадејни обиди да ги бакне во уста.

Портпаролката на Доминго го демантираше извештајот на Асошиетед прес.

Две оперски куќи, во Филаделфија и Сан Франциско, по обвинувањата ги откажаа настапите на Доминго, додека други, меѓу кои и операта Метрополитен во Њујорк, ќе чекаат на резултатите од истрагата.

Доцна во четвртокот, операта Далас објави дека го откажува Гала настанот во март 2020, во чии рамки требаше да настапува и Доминго. Националната опера во Вашингтон издаде соопштение во кое се изразува „вознемиреност и обесхрабреност“ од новите обвинувања.

Доминго и натаму е резервиран за настапот во Магбет на Мет во Њујорк следниот месец.

Scroll to Top