Успеав да ги хипнотизирам сите гледачи, вели манекенката од серијата Squid Game, која преку ноќ стана мегапопуларна

Јунг Хо-јеон стана една од најбараните манекенки во Јужна Кореја по успешната глума во популарната серија на „Нетфликс“, „Игра со лигни“ (Squid Game).

Серијата набргу стана хит во целиот свет, а меѓу машките глумци Ли Лунг-Џае Сеонг, Парк Хаи-су и Ви Ха-Јун се истакна и младата Јунг.

Нејзиниот изглед и глума ги хипнотизира гледачите, велат критичарите. За помалку од три недели, таа ја зголемила бројката на фанови на „Инстаграм“ за 13 милиони.

Пред својата прва улога Јунг имала 400.000 пријатели. Во период од една недела по објавата на серијата оваа бројка се зголемила за 3 милиони, а во моментот изнесува неверојатни 400.000 милиони. За кратко време Јунг стана најследената корејска ѕвезда на „Инстаграм“ во историјата.

Во серијата таа глуми силна, цврста жена, која со помладиот брат успеала да побегне од Северна Кореја и со помош на играта се обидува да заработи и да му осигури безгрижно детство.

„Бев личност што се фокусира на личниот бенефит, но по серијата, во која глумам човек што го става своето семејство пред сите свои желби, почнав повеќе да им верувам на луѓето и да помагам колку можам. Најважната лекција што ја научив во серијата е дека треба да имам верба во луѓето“, рече Јон во интервју за „Тајм“.

Многумина се прашуваат како успеав да ги хипнотизирам сите гледачи иако претходно немав некакво искуство со глумење. Јас сум девојка што доаѓа од главниот град на Јужна Кореја, Сеул, и уште како тинејџерка самата почнав да се истакнувам во модната индустрија. Самата си ги ангажирав своите настапи, а не со помош на агенциите како другите девојки“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HoYeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

Во текот на децениите таа работела и соработувала со голем број модни куќи, како Chanela, Bottege, Venete и Louis Vitton. Таа се натпреварувала и во четвртата сезона на емисијата „Следниот топ-модел на Кореја“, каде што завршила на второто место. Поради тоа, се нашла и на насловната страница на корејското издание на „Вог“, но и на „Венити фер“.

Таа вели дека самата се пријавила на аудицијата за оваа улога во Squid Game.

„Многу бев среќна што ја добив улогата и што ми се даде шанса да го покажам својот талент. И понатаму сум нервозна кога ќе видам како луѓето ме гледаат на екранот. Не можев ни да сонувам дека ќе станам толку популарна во светот“, рече глумицата за американскиот „Вог“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HoYeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

Scroll to Top