Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн бил итно префрлен во болница, по донесената пресуда во судницата во Њујорк, во која е обвинет за силување. Светските медиуми пренесуваат дека на Вајнштајн се пожалил на стегање во градите и зголемен висок притисок.
По донесената пресуда, продуцентот викал во судницата дека е невин, а по кратко време се онесвестил. Надлежните веднаш го пренеле во најблиската болница.
Вајнштајн избегна доживотна казна, а во моментов му се заканува максимална казна од 29 години затвор. Се очекува против холивудскиот продуцент да бидат поднесени уште тужби.