Оскаровката Вајола Дејвис ќе ја глуми поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, во драмската серија „Први дами“ во продукција на кабелската мрежа „Шоутајм“ и продуцентската куќа на Дејвис.
Серијата ќе има неколку епизоди и ќе раскаже дел од приватните и професионални животи на интригантните жени Мишел Обама, Елинор Рузвелт и Бети Форд. Сѐ уште не се објавени имињата на другите две актерки.
„Низ нашата историја, сопругите на претседателите имале исклучително влијание, не само врз лидерите, туку и врз самата земја“, вели Џана Виногрејд од „Шоутајм“.